Сопругот ја претепа Наташа Беквалац еден месец од породувањето

Беквалац, според извори на српските медиуми, покрај видливите модринки и гребаници, доживеала и потежок потрес на мозокот.

1518

Пејачката Наташа Беквалац, како што јавуваат српските медиуми, поднела кривична пријава против сопругот Лука Лазукиќ кој синоќа брутално ја претепал.

Медиумите пишуваат дека таа поднела и барање за развод за што поскоро да ја заврши драмата, а ќе бара и старателство над нивната едномесечна ќерка Катја. Лука Лазукиќ е уапсен, а се очекува дека ќе му биде одредено задржување од 48 часа, а потоа и притвор поради опасност од повторување на делото.

Инцидентот се случил утринава околу 4 часот кога Лука се вратил пијан дома. Наташа му пронашла љубовни пораки, по што започнала расправија во која Лазукиќ физички ја нападнал пејачката удирајќи ја со рацете и нозете.

Беквалац, според извори на српските медиуми, покрај видливите модринки и гребаници, доживеала и потежок потрес на мозокот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...