Советот за безбедност на Бугарија ќе заседава за ситуацијата на Блискиот Исток

38

Претседателот на Бугарија, Румен Радев свика за денеска состанок на Советодавниот совет за национална безбедност поради конфликтот меѓу Иран и САД.

Тема на средбата е „Можни ризици и закани по националната безбедност во контекст на сложената безбедносна ситуација на Блискиот Исток“.

Претставниците на извршната и законодавната власт и спец-службите се очекува да излезат со заеднички став на Бугарија. Премиерот Бојко Борисов вчера рече дека само мирот може да ги реши проблемите на Блискиот Исток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...