Сите патишта го заобиколуваат Рим (ГАЛЕРИЈА)

295
EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Празни улици и ресторани, редици за во маркетите, празни туристички места е сликата денеска низ градовите во Италија откако вчера италијанскиот премиер Џузепе Конте ја стави целата земја во карантин до 3 април за да го спречи ширењето на вирусот.

Фотографиите од агенцијата ЕПА покажуваат како келнер ги собира масите и столовите откако сопственикот одлучил да го затвори ресторанот во Милано во рамки на мерките за заштита од новиот коронавирус.

Ретки туристи со маски на лицата се сликаат пред плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, каде папата ги откажа јавните проповеди.

Граѓаните смеат да се движат само од оправдани причини поврзани со работата или поради сериозна болест во семејството или поради здравствени потреби. Сите јавни собири се забранети и граѓаните се советувани да останат во домовите.

Фото: ЕПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...