Се до овој момент не се откупени сите вкупни побарувања на големите и малите доверители на Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги „Фени Индустри“ од Кавадарци – во стечај, тврди друштвото за производство, трговија и улуги „Пуцко петрол“, откако ГСОЛ деновиве објави дека ги откупил побарувањата на доверителите на „Фени индустри“.
– Во врска со побарувањата на доверителите на „Фени индустри“ особено за побарувањата на „Пуцко Петрол“ ДООЕЛ од с. Пласница кои се со значителна вредност (67.111.644,оо денари), укажуваме дека сѐ уште се водат активни судски постапки, во кои се утврдуваат и докажуваат постоењата на побарувањата на стечајни доверители“ – вели адвокатскот тим на „Пуцко Петрол“.
Оттаму дадоваат и дека во стечајната постапка сѐ уште е актуелно прашањето за неповедени судски постапки од стечејниот управник согласно упатот од стечајниот судија во решението за утврдени и оспорени побарувања.
-Неповедувањето на постапките како законска последица значи признавање на побарувањата на доверителите, што дополнително упатува дека и навистина не се откупени сите побарувања на доверителите на стечајниот должник „Фени Индустри“ – во стечај. ГСОЛ го нема откупено побарувањето на „Пуцко Петрол“, а стечајниот управник нема направено корекција на шемата на пријавени и утврдени побарувања во кои ќе се внесе побарувањето на „Пуцко Петрол“, со што, спротивно на закон е одбегнато да се утврди и побарувањето на „Пуцко Петрол“ – велат адвокатите на „Пуцко Петрол“.
Со ова, велат тие, истовремено се прикажува и состојба дека по пријавени побарувања доверителите едногласно донеле одлука по Планот за реорганизација иако не е земено предвид побарувањето на „Пуцко Петрол“.
– Гласање по Планот за реорганизација без учество на еден од најголемите доверители на „Фени индустри“ при што се предвидува само делумна исплата на доверителите (70% од утврдено побарување) чии побарувања дополнително ќе се утврдат, не е согласно закон и не е целосен откуп на побарувањата на доверителите – појаснуваат адвокатите.
„Пуцко Петрол“, како што информира адвокатскиот тим, презема понатамошни законски активности со кои пред сите домашни и меѓународни инстанци ќе бара потврда на своите права како доверител и утврдување на евентуална одговорност на сите учесници во процесот стечај на „Фени Индустри“, а кои ги злоупотребиле своите права и го оштетиле како доверител „Пуцко Петрол“.