Меркел: Нема потреба за стимулативен план за економија

46

На Германија сега не и треба стимулативен план за економијата за да им се спротивстави на последиците од коронавирусот, туку пред се инјекции за ликвидност на фирмите, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Обраќајќи им се на пратениците од нејзиниот конзервативен блок
Меркел кажа дека сите настани, што не се неопходни, треба да бидат откажани заради вирусот, пренесуваат британските медиуми,  повикувајќи се на наводи од учесници на состанокот.

Меркел нагласи дека оддржувањето натпревари без навијачи „не  е најлоштата работа која може да и се случи на оваа земја“.

Фото: EPA/HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...