Меркел: Време е да свртиме нов лист

652

Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека се откажува од лидерското место во конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), дека нема да се кандидира за пратеник во Бундестагот, но оти планира да остане канцелар до завршувањето на мандатот.

– Таа одлука е мој придонес за коалицијата да ги фокусира своите напори на доброто владеење – истакна Меркел по состанокот на нејзината партија во Берлин на кој се разговараше за дебалкот на парламентарните избори во  Баварија и во Хесен.

Таа додаде дека ова е нејзин последен мандат како канцелар и нема да се кандидира за Парламентот по завршувањето на мандатот во 2021 година.

–  Време е да свртиме нов лист – посочи Меркел на прес конференцијата во седиштетот на ЦДУ во Берлин.

Таа им се обрати на медиумите по вчерашните избори во Хесен, на кои ЦДУ и коалициските партнери претрпеа значителни загуби и покрај победата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...