Мајка го зела детето од градинка во Скопје со гребаници и угризи по телото

Случајот завршил така што девојчето морало да биде снимено и прегледано на детска хирургија, за да се исклучат сите можни посериозни последици. Резултатите, за среќа, биле во ред, наведе мајката.

860

Фејсбук-корисник со име Теодора Несторовиќ, мајка на 11-месечно бебе, објави „не толку кратка хорор приказна“ на својот профил во кој ја опишува вчерашната голгота која ја поминале откако открила дека нејзината ќерка е изгризана и удирана за време на престојот во една од скопските градинки.

Нејзината објава за кратко време се прошири вирално, а таа ги објавува и фотографиите оф гребаниците, угризите и хематомот и џумката на главата на бебето.

„Околу 16ч. одам да си ја соберам ќерка ми од градинка (Раде Јовчевски Корчагин), инаку 11 месечно бебе. На врата од собата ме дочекува воспитувачката со ќерка ми во раце, велејќи ми дека сѐ поминало во најдобар ред дента, освен тоа што не сакала да спие, и, уз пат, дека на грбчето имала нешто исфрлано, веројатно инсект ја пролазил“, вака ја започнува својата приказна Теодора.

Иако веднаш препознала дека се работи за нешто повеќе од каснување или полазено од инсект, го земала детето дома, а кога сакала да го избања, започнал нивниот шестчасовен хорор.

Случајот завршил така што девојчето морало да биде снимено и прегледано на детска хирургија, за да се исклучат сите можни посериозни последици. Резултатите, за среќа, биле во ред, наведе мајката.

За случајот реагираа и од Министерството за труд и социјална политика.

Прочитајте ја целата приказна од страна на мајката:Прочитајте ја целата приказна од страна на мајката:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...