Болсонаро: Разурнувачката сила на коронавирусот се преценува

672
ФОТО: EPA-EFE-Joedson-Alves

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во посета на Флорида, денеска оцени дека заканата од новиот коронавирус не е многу голема и се обиде да ги намали последиците од нејзиниот удар врз берзите низ целиот свет, пренесоа француските медиуми.

Вчерашниот пад на светските берзи „главно ја засегна цената на нафтата, што падна за 30 отсто, и прашањето за коронавирусот“, изјави екстремно десничарскиот бразилски претседател пред приближно 200 сонародници во Мајами.

– Според мене разурнувачката сила на овој вирус се преценува – уверуваше Болсонаро.

Берзата во Сао Паоло вчера го претрпе најсилниот пад за еден ден од 1998 година, стигнувајќи на 12,17 отсто за време на нејзиното затворање, а хартиите од вредност на бразилската државна нафтена компанија „Петробраз“ поевтинија за околу 30 проценти во екот на паниката околу крахот на цената на нафтата и последиците од кризата со коронавирусот за економијата, потсетуваат француските медиуми.

Фото: EPA/EFE/Joedson Alves

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...