Актерката Аманда Бајнс си ја соголи душата за „Paper Magazine“. Таа изјавила дека после толку „темен, тажен свет“, подготвена е да се врати на сцената.
Бајнс се потсетила за тоа кога почнала за прв пат да зема дрога. Се случило кога имала само 16 години.
– Иако сите мислеа дека јас сум „добра девојка“, јас пушев марихуана – рекла Бајнс.
По марихуаната, таа продолжила на потешки дроги како МДМА, кокаин, екстази.
– Кокаин пробав три пати. Не ми се допаѓаше. Адерал сакав – признала Бајнс.
Додека го снимала филмот „Hall Pass“ во 2010 дури не можела ни да запомне што треба да каже за време на некоја сцена. Размислувала премногу за тоа како изгледа на екранот, дали нејзината рака изгледа дебело и слично.
– Земав дрога и не можев да го запомнам текстот, не го сакав ни мојот изглед, па решив да се повлечам од тој филм – додала таа.
Своето повлекување од сцената соопштувајќи го на Твитер, сега го нарекува „глупаво“.
– Требаше да го направам на некој прес. Бев под дејство на дрога и си реков: „Знаеш што? Преку глава ми е“ и го направив тоа – додала таа.
Откако го направила тоа, немала никаква цел и постојано била под дејство на дрогата што ја земала.
Таа сега четири години не земала ништо, а за тоа им се заблагодарува на своите родители.
– Не се плашам од иднината. Го преживеав најлошото, од сега па натаму можам да одам само нагоре – рекла таа.
ИЗВОР: Hollywood Reporter
ФОТО: Paper Magazine