Ако продолжите со глупости, ве очекува и бунт на граѓаните!

 Премиерот ќе остане опколен, или осамен, со трулите соработници на режимот, а кога бродот ќе се накриви посериозно, ќе остане и комплетно сам.

6365

Додека премиерот глуми реформи, станува султан на партија, акумулира функции за кои нема познавања, ( па да му се сневидам, Општина Струмица колку памтам во минус ја остави), неколку добри луѓе кои во јавноста важат за експерти со авторитет, го напуштаат бродот, најблаго речено, огорчени и длабоко разочарани од недостатокот на вистински промени.

ДУИ остана нечепнат, правосудството нереформирано, исто како и администрацијата на ВМРО појачана со СДСМ, корупција, клиентелизам и непотизам цветаат, задолжувањето не запира, а вистинските проблеми неадресирани, нерешени, нечепнати.

Премиерот ќе остане опколен, или осамен, со трулите соработници на режимот, а кога бродот ќе се накриви посериозно, ќе остане и комплетно сам.

Македонија е држава која требаше да го регрутира најдоброто, да има еден вид на техничка влада, експертска влада, ама тоа никогаш не се случи.

Џабе сите жалопојки сега, пред клучни предизвици, се соголува реалноста, и богами сликата делува доста депресивно.

Но, да не јадуваме, има премиерот доволно вицкасти советници и апологети, кои ќе го разведрат, дека е најпаметен и најспособен.

Ако продолжите со глупости ве очекува и бунт на граѓаните и незaвисниот сектор кој ве донесе на власт, е тогаш ќе биде вистинска паника. Бунт веќе имате во околината на Струмичко, две години го игнорирате, ама нешто и таму ветувате, па ќе видиме.

Секако, депресивна слика за македонската реформска агенда.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...