Лидија Георгиева, милиони милји и 20 години креативност (фотогалерија)

Со најновата колекција „Милион милји време“ дизајнерката Лидија Георгиева вчеравечер го отвори осумнаесетото издание на Моден викенд Скопје и прослави 20 години од постоењето на брендот, со креации изработени од луксузни материјали, тантели, плетени дизајни, раскошни, боемски и елегантни...

432
Ревија, Лидија Георгиева, 2018

Со јубилејната колекција на познатата дизајнерка Лидија Георгиева, насловена „Милион милји време“, синоќа започна 18. издание на Модниот викенд во Скопје.

Креациите на Георгиева се изработени од луксузни материјали, тантели, плетени дизајни и отпечатоци, раскошни, боемски и елегантни, а во некои од нив првпат се презентирани и дизајни од ексклузивната соработка со францускиот бренд „Фејмс“, колекција рачно плетени модели.

Моделите ги претставија креациите на специјално дизајнираната модна писта во одличниот амбиент на студиото на симфонискиот оркестар за филмска музика „Ф.А.М.Е.’С“.

Модниот викенд од вечерва до недела продолжува во хотел „Мериот“, кадешто ќе се претстават македонските дизајнери, како Ирина Тошева, Теодора Митровска, Силвија Миха, Олгица Ѓоргиева и Сара Реџиќ, како и дизајнери од Велика Британија.

Фото: PS visualart

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...