Изложба „Уметничката литература – пат кон културен дијалог и соработка“ ќе биде отворена денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Со изложбата која е опфатен избор на дела од бугарски автори преведени на македонски јазик, објавени од 2000 до 2018 година (од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“) и избор на дела од македонски автори, преведени и објавени во Бугарија во истиот период (од фондот на Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ – Пловдив).
Изложбата е дел од активностите во рамките на проектот „Литературна ренесанса во Пловдив“, во кој НУБ „Св. Климент Охридски“ е партнер на Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ од Пловдив и на здружението „Писалка и перо“. Проектот е дел од уметничката програма на Општинската фондација Пловдив 2019 – европска престолнина на културата.
Претходно, во Центарот за конференции и студии ќе се одржи стручна средба на која ќе бидат разменети искуства и мислења меѓу библиотекарите од НУБ „Св. Климент Охридски“ и од Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ од Пловдив.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...