Кон желбите за среќен и успешен почеток на учебната година, и оваа година се приклучи „Бимилк“, подарувајќи им на првачињата ширум Македонија мало внимание за сладок почеток на нивното образовно патување.
„Бимилк“ и оваа година продолжува со подарување на омиленото чоколадно млеко „Моја кравица“, како и пригодни подароци за првачињата од 34 основни училишта од 15 градови во Македонија, меѓу кои се и Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Куманово, Тетово, Кичево, Струмица, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Радовиш.
При посетата во ОУ „Коле Канински“ во Битола, Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во „Бимилк“, рече:
– Им посакуваме среќна и успешна учебна година на сите ученици, а особено на оние најмалите што тукушто го започнуваат своето патување во формалното образование. Се надеваме дека со ова мало внимание успеавме да ја надополниме нивната возбуда и среќа за новите почетоци. Сигурни сме дека овие мали, умни глави ќе бидат посветени, одговорни и успешни, а нашиот апел до нив е да продолжат да ги практикуваат добрите навики, како што е редовната консумација на млеко и млечни производи за нивниот правилен раст и развој.
Со полниот вкус на вистинско чоколадо во комбинација со најквалитетното млеко и без конзерванси, чоколадното млеко „Моја кравица“ со години претставува омилена слатка напивка за сите генерации, а истовремено е и идеално решение за внесување на потребната количина витамини и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот на децата.