Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна

Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

276

Затвореникот Дојл Ли Хам од Алабама, САД, го преживеал извршувањето на смртната казна иако претрпел силна болка додека безуспешно се обидувале да му ја пронајдат вената во која би се инјектирала смртоносната инекција.

Адвокатот на 61-годишниот Хам тврди дека неговиот клиент безуспешно бил боцкан во препоните, зглобовите и во долниот дел од ногата. Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

Хам требало да биде погубен во четвртокот поради убиство на Патрик Канингем во 1987 година. Тој бил осуден пред 31 година, бидејќи при вооружен грабеж го убил Патрик Канингем, кој работел ноќна смена во мотел. Хам го признал убиството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...