Со издавање на специјалното, роденденско пакување на „Стоби флипс“ продолжуваат активностите на „Витаминка“ за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е наменета за 40-грамската, прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус.
Издавањето на роденденското пакување е важно затоа што покажува дека изгледот на „Стоби флипс“ во изминатите 40 години не се изменил, исто како што остана ист и препознатливиот вкус и квалитет. Вкусот и квалитетот се најважните карактеристики што го направија „Стоби флипс“ бренд број 1 кај повеќе генерации потрошувачи.
Роденденскиот „Стоби флипс“ е достапен на полиците во продажните места насекаде низ државата.