Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта

33
ФОТО: EPA / DOMENIC AQUILINA

Поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта, Кит Шембри денеска е уапсен поради истрага за убиството на новинарката Дафне Каруна – Галиција, соопшти полицијата.

Шембри вчера поднесе оставка откако полицијата соопшти дека ќе сослушуваат повеќе лица во врска со истрагата на новинарката Каруна – Галиција.

Тој беше под притисок да поднесе оставка откако минатата недела беше уапсен бизнисменот Јорген Фенеч, за вмешаност во убиството на новинарката Каруна-Галиција во Валета 2017 година, откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив.

Во 2018 година беше  откриено дека Фенеч поседува фирма во Дубаи, додека Шембри и малтешкиот министер за туризам  Конард Мизи поседуваат оф-шор компании. „Тајм оф Малта“ објави дека Шембри е поврзан со коруптивни договори.

За убиството на Каруна-Галиција досега се осомничени три лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...