Обвинителот во „Тортура“ се откажа од сведочењето на Иво Котески

Претходно судијата ги извести присутните дека двапати се обиделе да го пронајдат и известат Котески да сведочи но не успеале да стапат во контакт со него.

50

Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” продолжува на 9 октомври, откако денешното рочиште беше одложено поради боледување на петтоосомничениот Петар Милошевски кој го повредил коленото.

Судскиот процес го води судијката Александра Ристевска, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.

Јавниот обвинител Љубомир Лапе на почетокот на рочиштето го повлече предлогот Иво Котески да биде сведок во предметот Тортура.

Претходно судијата ги извести присутните дека двапати се обиделе да го пронајдат и известат Котески да сведочи но не успеале да стапат во контакт со него.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки и уште петмина припадници на единицата. Предметот го отвори СЈО, за потоа да го презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...