Од денеска во Европа почнува еднонеделен Plastic Attack

Десетина француски здруженија ги повикуваат граѓаните на Европа, во периодот од 24.мај до 1.јуни да тргнат заедно во борба против прекумерното производство и користење на пластика и тоа преку организирана акција на бојкот на одредени производи и производители, акции на чистење, како и учество на протести. Придружете се!

227

Првиот ‘Plastic Attack’ се одржа минатата година во британскиот синџир Tesco, кога граѓаните организирано ја оставаа сета непотребна пластична амбалажа пред излезот на продавниците. Потоа акцијата добила глобален карактер и истовремено се одржувала во педесетина земји во светот, од Франција и Холандија, преку САД и Канада до Перу и Јужна Кореја.

За жал, загадувањето со пластика е еден од горливите глобални проблеми. Затоа оваа година десетина француски здруженија ги повикуваат граѓаните на борба против пластиката во периодот од 24 мај до 1 јуни, а акциите освен во Франција во исто време ќе се одржуваат и во Белгија, Швајцарија и Мароко.

Од 1950.година до денеска, произведени се 8,3 милијарди тони пластика, а таа количина е еднаква на тежината на дури 822.000 Ајфелови кули или на 80 милиони китови, наведува Le Monde. Исто така, податоците покажуваат дека се рециклирани само 9 отсто од досега произведената пластика, а 12 отсто се запалени, додека 79 отсто пластичен отпад завршиле на отпад или во природата. За жал, морињата и океаните како и растителниот и животинскиот свет ги трпат најголемите последици заради нашето неодговорно, прекумерно користење на пластика за еднократна употреба.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...