Во 2018 година „Твитер“ избришал 371.000 налози поради тероризам

32

Компанијата „Твитер“ минатата година укина 371.000 налози на таа социјална мрежа, бидејќи нивните корисници промовирале тероризам.

Овие податоци се наведени во шестмесечниот извештај за транспарентност на компанијата, во кој е наведено дека во втората половина од 2018 година, поради тероризам, биле укинати 166.000 налози, што е за 19 проценти помалку во споредба со првите шест месеци од истата година, кога биле отстранети 205.000 профили.

„Твитер“ соопшти дека 91 отсто од овие налози биле откриени со помош на технолошки направи наменети за тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...