Комбинација од соништата: „Љубојна“, Емин Џијан и Македонската филхармонија

Импресивниот музички концерт на едно место ќе ги собере групата „Љубојна“, оркестарот на Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин е закажан за 1 февруари, во 20 часот, во салата на Македонската филхармонија.

632

На 1.февруари во Македонската филхармонија, ексклузивно концертно дружење со „Љубојна“ и Македонската филхармонија, под диригентската палка на Емин Џијан. Многу нова музика аранжирана и оркестрирана од Џијан во која со сигурност ќе уживаат сите оние кои ја сакаат и ја почитуваат музиката на „Љубојна“.

Билети за концертот ќе најдете во Југотон во ГТЦ и онлајн на jugoton.mk , како  на билетарата на Македонската филхармонија.

„Ве очекуваме со нетрпение и огромна радост“, вели Вера Милошевска Јосифовска на социјалните мрежи кадешто се појави и видеото од подготовките на овие фантастични музичари.

Posted by Vera Miloshevska-Josifovska on Среда, 30 јануари 2019

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...