Пратеникот Влатко Ѓорчев денеска во Собранието побара од предложената министерка за финансии Нина Ангеловска да одговори дали на своите вработени им давала минимални плати од по 200 евра и дали дел од платата им ја давала на рака.
Според Ѓорчев Ангеловска за време на ВМРО-ДПМНЕ ја развила својата компанија што значи дека имало во тоа време услови за бизнис.