Во селото Драгош, битолско, вчера во 11:15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција. По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле во Р.С. Македонија на Граничниот премин „Табановце“. Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.
Уапсени тројца Кубанци, сакале илегално да преминат во Грција
loading...