Како лидер во производството на леб, „Жито лукс“ не само што инвестира во квалитетот и во развојот на нови производи, континуирано работи и на унапредување на изгледот и пакувањето на своите производи.
Затоа, отсега сите традиционалните лебови на „Жито лукс“ ќе бидат во нови, модерни и уникатни пакувања. Дизајнот на пакувањето беше оценет од потрошувачи кои рекоа дека претставува добар спој на традиционалното и модерното, преку комбинацијата на јаките бои и симболот на житото. Печатот за квалитет, кој се наоѓа на пакувањето укажува на долгогодишната традиција на „Жито лукс“ во оваа индустрија и исто така беше позитивно оценет од потрошувачите. Овие пакувања, дополнително ќе им овозможат на потрошувачите лесно да ги разликуваат производите на полица.
Ново пакување добија и рачно подготвените на традиционален начин лебови „Сомун“ и „Рустика“ кои се со карактеристичен вкус и крцкава кора. Овие лебови, како дел од семејството фурнаџиски лебови, отсега можат да се најдат во хартиено пакување.
И покрај промената на пакувањето, сите традиционални лебови остануваат со ист квалитет и се произведуваат по традиционална рецептура, од најдобро брашно и состојки, на современ начин и со почитување на највисоки стандарди за производство на храна.
Бидејќи секој залак е важен, лебовите на „Жито лукс“ остануваат незаменлив додаток на секоја гурманска трпеза и омилен избор на сите генерации.