Топ 5 идеи за празнични подароци од DIAS кои секого ќе освојат од прва

755

Уште едни новогодишни и божиќни празници се пред нас, време за забава и за уживање со најдрагите, моменти за релаксирање и креирање на најубава атмосфера, за обединување околу трпезата. Но поучени од празниците кои се зад нас, знаеме дека до моментите на уживање обично преживуваме стресна претпразнична треска грижејќи се дали сѐ ќе стигнеме на време, да организираме сѐ што сме замислиле, да подготвиме сѐ за кое сме сонувале, да купиме сѐ што е на нашата празнична шопинг листа. За да ја избегнеме најголемата „лудница“, време е викендот да го искористиме за она што всушност најмногу нѝ значи и најмногу нѐ мачи – изборот на подароци.

Нурнувањето“ во големите шопинг центри често знае да биде стресно, од барање на паркинг, до талкање од продавница во продавница, до метежот кој дополнително нѐ прави нервозни. Многу поедноставно е да се одлучиме за посета на единствена продавница, за која знаеме дека на едно место ќе најдеме сѐ што ни е потребно. На тој начин, од шопингот може да направиме вистинско задоволство! Таква продавница е DIAS, лоцирана во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов. Сите производите кои ги нуди модниот бренд DIAS се препознатливи по високиот квалитет и врвниот, модерен дизајн. Од широката понуда, се одлучивме за топ 5 идеи за подароци (иако тешко ќе одолеете на секое изложено модно парче кое само по себе е мало уметничко дело).

Уникатен „gift box“. Уникатен е бидејќи е навистина единствен! Во сет-кутијата може да се одлучите за паричник и ремен, за манжетни, пенкало и футрола за пенкало, за вратоврска и чорапи, за марамче, картичник… Комбинациите на креирање на подарок се бројни. Задоволството е уште поголемо што сами учествувате во креирањето на подарокот.

Чевли. Да, добро слушнавте, доколку одбирате подарок за блиска личност која добро ја познавате, одличен подарок би бил чифт модерни чевли. Кога велиме модерни, мислиме на „вау“ чевли. Ваквиот подарок носи и симболично значење – во новата година да зачекориме со многу повеќе стил и љубов.

Кожена чанта за лаптоп. За деловните соработници, но и за нашите драги лица кои деловниот изглед им значи, вистински избор би била трендовска, кожена чанта за лаптоп. Без сомнение ќе ја поткрене секој деловна модна комбинација. Како „јаготка врз шлагот“ во DIAS ја имате можноста да ја пероснализирате чантата, додавајќи иницијали или порака, што овој подарок ќе го направи уште пооригинален.

Паричник. Кожениот елегантен паричник секогаш е супер идеја кога одбираме подарок за нашите пријатели. Одговара на сите вкусови и возрасти, а и практичен е. Сигурно на овој подарок би „паднале“ и нашите мајки и татковци, баби и дедовци. Претпоставувате каква симболика носи овој подарок, нели? Да ни е бериќетна новата година!

Чорапи. Сакаме да даруваме од срце, но сепак, сакаме мал и ефектен подарок, кој ќе биде пријателски расположен кон нашиот предвиден буџет за шопинг. Сет дизајнерски чорапи, украсен со панделка, е подарок кој секој ќе го освои „од прва“.

Листата на идеи за подароци од модниот бренд DIAS би ја пишувале понатаму, до недоглед. Зашто и самите тешко може да одвоиме топ 5 прозиводи. Но, време е да бидеме многу практични и добро организирани во врвот на шопинг сезоната. Затоа, ако и вие не можете да се одлучите, во DIAS имаат решение и за тоа – едноставно, можете да подарите ваучер со вредност од 3.000, 6.000 или 9.000 денари на вашето драго лице, па само да си одбере што му душа сака!

Продавницата DIAS се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539.

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...