Сценаристот на „Чернобил“ се восхитил од реакциите на гледачите од Русија и Украина

206

Реакцијата на гледачите во земјите од поранешниот Советски Сојуз била восхитувачка за Крег Мејзин, сценарист на серијалот „Чернобил“ , јави „Холивуд Рипортер“.

Креаторот на проектот изјави дека бил загрижен какво ќе биде мислењето на Русите и Украинците за оваа серија. Снимен во пет продолженија, серијалот со документарно-филмувани елементи дава светлина на нуклеарната катастрофа во атомската централа Чернобил која се случи пред 33 години.

Според Мејзин, филмската екипа работела со љубов и почит во реконструкција на секојдневниот живот во поренешен Советски Сојуз.

-Со сите сили се трудевме да ги предадеме деталите најреалистично – изјави тој.

Тој додаде дека сакал да покаже нешто многу поглобално и почовечно отколку добрата или лошата страна на историјата.

Експлозијата во четвртиот реактор на атомската ценрала во Чернобил се случи во ноќните часови на 26 април 1986 година. Подоцна се дозна дека светот бил соочен со една од најопасните технолошки катастрафи во историјата на користењето на нуклеарната енергија во мирнодопски цели.

Без пожртвуваноста на стотици луѓе вклучени во справувањето со последиците од катастрофата, во деновите и неделите после експлозијата можело да се случи тотално растопување на елементите од нуклерното гориво на реакторот, што би довело до уште една нуклеарна експлозија.

Таквиот развој на настаните би бил погубен за голем дел од Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...