Со проекција на македонскиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, денеска почнува неофицијалниот дел на програмата на „Киненова“. Проекцијата на филмот е вечерва во 18 часот во кино „Фросина“ МКЦ. Билетот чини 100 денари.
Годинава, на третото издание на „Киненова“, ќе има посебен фокус на норвешките остварувања.
Во 20 часот вечерва ќе се проектира норвешкиот филм „Изборот на кралот“ во режија на Ерик Попе.
„Изборот на кралот“ е базиран врз вистинската приказна за трите драматични денови во април 1940-та, кога на Кралот на Норвешка му е даден незамислив ултиматум од германските воени сили: Да се предаде или да умре!