Во новата колекција на Majorica најдовме голем избор на бисерен накит кој ќе го подигне секој моден изглед, а ќе ги задоволи и најпрефинетите вкусови. Елеганцијата секако ни е неопходна, особено во периодот на празничната, свечена атмосфера. Доколку пак, размислувате што да подарите за новогодишните и божиќните празници на вашите драги пријателки, сопруги, девојки, мајки или ќерки, а тој подарок да има „тежина“, одговорот лесно ќе го најдете во Majorica.
Со речиси 130-годишна традиција, шпанскиот бренд за накит Majorica продолжува да воодушевува со секоја нова колекција во која акцентот е на бисерите. Бисерните ѓердани се вистинска класика во светот на модата. Гаранција се за отмен изглед, без разлика дали ги носиме за важни настани, за прослави или пак, како елегантен додаток на деловниот костум.
Специфичноста на бисерите со потписот на Majorica е во врвната изработка. Бисерот Majorica се состои од кристално опално јадро и поседува идентични својства на густина и тежина како и кај култивираните првокласни бисери. Покриен е со повеќе слоеви на „бисерна есенција“, екстракт добиен од органски елементи од Средоземното Море со примена на единствена техника, чувана во тајност. Нејзината комплексна формула верно ја претставува раскошноста, убавината, издржливоста и совршенството на најдобрите природни бисери. По брусењето, бисерот Majorica се третира со посебна постапка за да се заштити од надворешните влијанија, постигнувајќи неспоредлив степен на квалитет и отпорност. Сите бисери имаат гаранција од 10 години.
Единствените органски Majorica бисери имаат врвен квалитет, и за споредба, настануваат по пат на сосема еколошки начин на производство. Затоа, бисерите од Majorica се препознатливи и по бојата, сјајот, текстурата и отпорноста.
Бидете Елегантни и префинети со BETA JEWELS.
Дополнете го Вашиот изглед со безвременските ексклузивни парчиња накит од MAJORICA.
Skopjе City Mall I кат, Ramstore Mall приземје.
(промотивен текст)