Скопје ќе ја прогласи 2020 за година на Славко Јаневски

Иницијативата на Шилегов е во чест на стогодишнината од раѓањетоа на познатиот писател, кој е автор на првиот роман на стандарден македонски јазик. 

153

Градоначалникот Петре Шилегов, на наредната седница на градскиот Совет, ќе предложи 2020 да биде прогласена за година на Славко Јаневски, во чест на стогодишнината од раѓањетоа на познатиот писател, кој е автор на првиот роман на стандарден  македонски јазик.

„Ова е само еден доказ дека град Скопје се грижи и ги вреднува нашите вистински вредности. Во текот на целата година, градот ќе организира и ќе поддржува низа активности во чест на овој наш голем творец. Меѓу другото, предвидена е голема изложба за ликот и делото на Јаневски, поддршка на реиздавањето на неговите дела и именување на улица, а еден од скопските ѕидови ќе го краси мурал во негова чест“, се посочува во соопштението од град Скопје.

Активностите за одбележување на овој голем јубилеј започнуваат од денеска со поетското читање насловено „Произведувачи на зборот“ во Културно информативниот центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...