Скопјанец осомничен за две разбојништва

69

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишно лице осомничено дека сторило две кривични дела – разбојништво.

Осомничениот на 5 август влегол во просториите на финансиското друштво „М КЕШ“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома Бјанка“ и со звучно-сигнален пиштол марка „Екол“ и се заканил на вработената. Потоа се упатил зад работното биро и од фиока го одзел дневниот промет од 21.400 денари, по што го напуштил местото.

На 8 август, на сличен начин влегол во просториите на финансиското друштво „Тиго Фајнанс“ на улица „Ѓорче Петров“, го извадил сигналниот пиштол, го репетирал и се заканил на две вработени кои во моментот биле во објектот. Притоа одзел 242.600 денари, соопшти ОЈО Скопје .

Поради опасност осомничениот да избега или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложил да му биде определна мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...