Симни CоmPay и донирај за младинските домови „Сакам да знам“

Од секоја трансакција со услугата KomPay, Комерцијална банка АД Скопје издвојува по еден денар за младинските центри „Сакам да знам“.

105
20150911 Friday 1035 komercijalna banka

Во трговскиот центар „Сити мол“ пред касите на киното „Синеплекс“ утре од 18 до 20.30 часот ќе биде поставен штанд на кој на заинтересираните ќе им биде понудена инсталација на апликацијата ComPay за бесконтактно плаање со мобилен телефон на Комерцијална банка АД Скопје. На првите 15 кои ќе ја инсталираат апликацијата ќе им бидат доделени и подароци.

Инаку целта на акцијата е нејзината општетствено одговорна компонента, а тоа е дека со секоја трансакција ќе се донира за младинските домови „Сакам да знам“. На влезовите во „Сити мол“ и низ трговскиот ќе бидат распоредени волонтери кои со флаери ќе ги запознаваат посетителите со работата на центрите „Сакам да знам“.

Промотивниот период за инсталација на апликацијата ќе биде продолзен со што ќе се овозможат и повеќе средства за младинските домови.

Младинските центри „Сакам да знам“ со кои раководи ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во партнерство со Здравствениот дом – Скопје се првите и единствени центри во Скопје кои нудат бесплатни и доверливи здравствени услуги и советување за младите и за социјално маргинализираните лица.

Од отворањето во 2006 година до денес, двата младински центри „Сакам да знам“ имаат понудено повеќе од 88.000 услуги на над 27.000 клиенти. Од нив, околу 70% се млади до 30 години кои доаѓаат од социјално исклучени или ранливи групи, а околу 20% се студенти и средношколци.

Што нудат младинските центри „Сакам да знам“ на ХЕРА: Гинеколошки прегледи и советувања (советување, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија и контрацепција, ехо-преглед); Дерматовенеролошки прегледи (советување, криотерапија, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија); Општ училишен лекар за деца исипани од образовниот процес (прегледи, совети, здравствена едукација).

Нудат и советувања со психолог за сексуалност и репродуктивно здравје, советување и едукација со социјален работник за семејно насилство, здравствени права и сексуално и репродуктивно здравје, правни советувања од областа на семејно насислство и сексуално и репродуктивно здравје, врсничка едукација за сексуално репродуктивно здравје, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советувалиште за превенција на употреба на дроги, како и брзи тестови за ХИВ, тесирања за ПАП, сексуално преносливи инфекции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...