Се затвора изложбата „Духовите на Африка“

163

В понеделник (17. декември) во 20 часот ја затвораме изложбата „Духовите на Африка“ што посетителите можеа да ја видат последните два месеци. Ова е една од најуспешните изложби во Музеј на Македонија и по тој повод ја затвораме со пригоден настан – информираат од Музејот на Македонија.

Во рамки на настанот професорот Никос Чаусидис ќе го одржи предавањето насловено како „Африкански елементи во културното наследство на Балканот“, во кое ќе ги акцентира митските и симболичките елементи поврзани со Африка и коишто се присутни на балканското поднебје.

По предавањето Пенелопа Стаматоска од VR-port ќе го презентира 3D моделот на „Духовите на Африка“, кој ќе овозможи виртуелна прошетка низ изложбата дури и откако ќе биде затворена.

Исто така ќе се направи и презентација што ќе ја сумира изложбата и придружните настани поврзани со неа, а потоа ќе се одржи и последното разгледување на изложбата кое ќе биде проследено со африканска музика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...