Рускиот Парламент ќе го разгледа денеска назначувањето нов руски премиер, именуван од претседателот Владимир Путин вчера, по ненадејната оставка на владата и најавите за уставни измени.
Дебатата во руската Дума е само формалност, бидејќи е целосно под контрола на пратениците лојални на Путин, јавија западни медиуми.
Путин го назначи вчера Михаил Мишустин, малку познат шеф на руската даночна администрација, за нов премиер.
Михаил Владимирович Мишустин е економски политичар, кој од 2010 година ја извршува функцијата шеф на Федералната даночна служба.
Роден е на 3 март 1966 година и дипломирал на Московскиот универзитет за машинство каде ги завршил постдипломските студии.
Во 1998 година, тој се приклучи на државната служба како асистент за системите за сметководство и информации за плаќање данок во Сојузната даночна служба.
Потоа, тој работел како заменик министер на Руската Федерација за даноци и такси, раководител на Федералната агенција за катастар и недвижнини под Министерството за економски развој, раководител на Федералната агенција за управување со посебни економски зони.
Тој е автор на три книги за даночна администрација и 40 научни текстови.
Мишустин беше еден од иницијаторите за отворање на Државното високо економско училиште, Институт за економија на недвижнини и во 2008 година поднесе оставка во јавниот сервис за да работи две години во партнерите во УФГ Капитал.
Во април 2010 година, беше именуван за директор на Федералната даночна служба.
Во биографијата на Мишустин се вели дека тој е оженет, има три сина, е заинтересиран за спорт и игра хокеј, и е член на Надзорниот одбор на хокејарскиот клуб ЦСКА од Москва.