Раскошни омбре креации совршени за свечени пригоди

Ако сте во потрага по софистицирана креација за свечена пригода, посетете го модното студио „Кадора“.

314

Уште кога завладеа со модната сцена во 2016 година, беше јасно дека омбре стилот својата популарност ќе ја оправда и во сезоните кои следуваат. Омбре креациите и понатаму ги гледаме на црвените килими на филмските фестивали, а глумиците од А-листата сѐ уште „лудуваат“ по материјалите кои постепено ја менуваат нијансата од потемна во посветла, користејќи го целиот спектар на бојата.

И за сезоната пролет/лето 2018, познатите модни куќи во своите колекции понудија интересни модни парчиња во омбре стил. Секако, трендот не е присутен само во модната индустрија, туку и во козметичката, а особено е применлив во нијансирањето на косата, ноктите и шминката.

– Не постојат многу трендови кои истовремено се присутни и кај стилистите, визажистите и модните креатори. Но, таков е случајот со омбре стилот. Додека лани, најчесто гледавме омбре фризури или омбре нокти, годинава омбре креациите ја вратија својата доминација. Името „омбре“ доаѓа од латинското „убодра“, со значење да се засенчува. Таканареченото „кјароскуро“ засенчување е уметничка техника која се постигнува со вкрстување или засенчување и е многу популарна во високата мода. Во секој случај, омбре трендот никого не остава рамнодушен, или го сакате или го мразите, но никако не можете да ја негирате неговата распространетост – вели модната дизајнерка Никита Алексовска.

А, ако сте љубител на омбре или натопи бојата, погледнете ја оваа раскошна креација зад која стои модното студио „Кадора“, совршена за секоја свечена пригода.

Модното студио „Кадора“ се наоѓа зад зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...