Постои ли совршен подарок? Да, дијамант од SIGMA Centro Diamanti

Божиќ е близу, одберете го вистинскиот подарок, дарувајте од срце и освојте го срцето засекогаш.

673

Дали сте од оние кои божиќниот шопинг го оставаат за последен миг? Можеби тоа и не би било така, доколку имате јасна идеја што да им купите на членовите на семејството, пријателите, саканите лица. Често токму во тоа е проблемот за одложувањето на шопингот, зашто, едноставно, сакате да го одберете најдоброто, а пренатрупаните дуќани понекогаш дополнително создаваат хаос во главата. Јасно ви е, вистинскиот подарок треба да биде оригинален, вреден и да допре до срцето.

Ние имаме супер идеја! Мал дијамант во софистицирано, елегантно пакување, чија вредност никогаш не паѓа, туку напротив, може само да расте. Единствен вид на персонализација се постигнува со тоа што можете да изгравирате посвета на плочката која е составен дел од луксузното пакување.

Вредноста на подарокот почнува од 3.790 денари и истиот се признава во полна вредност при замена за друг поголем дијамант од SIGMA Centro Diamanti во некој од продажните салони на SIGMA Jewelry.

Со ваквиот избор на подарок не само што ќе ја изненадите и израдувате драгата личност, туку и ќе оставите впечаток на личност со многу стил.

А кога сме веќе нурнати во преубавиот излог на SIGMA Jewelry, очите не можеме да ги „одлепиме“ од бројните парчиња златен накит со врвна изработка, модерен дизајн и препознатлив италијански дух. И одеднаш, добиваме уште стотина идеи за совршен подарок. За уште стотина години љубов.

Продавници за италијански златен накит SIGMA Jewelry: Skopje CITY Mall прв кат и ГТЦ Скопје, приземје центален хол.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...