Пожар избувнал вчера во Клиниката за инфективни болести

166

Вчера попладнето било пријавено дека избувнал пожар во Клиниката за инфективни болести во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

– Вчера во 18:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во Клиниката за Инфектологија во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје – соопштуваат од МВР.

Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...