Во СВР Охрид, вчера во 13:15 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека во атар на охридското село Ливоишта, во несреќен случај животот го загубил С.К.(49) од истото село. Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки било констатирано дека околу 13.00 часот, додека обработувал нива со трактор, изгубил контрола, по што тракторот се превртел. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Охриѓанец починал паѓајќи од трактор
loading...