Мета: Да ме послушаа Баша и Рама земјата ќе беше многу подобра

45
Photo: EPA / Malton Dibra

Претседателот Илир Мета изјави дека е многу незадоволен од лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, но и лидерот на владеачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама, додавајќи дека доколку го послушале и „земјата ќе била многу подобра“.

-Моја цел беа сеопфатни избори. Спроведувањето избори без опозиција беше лудило. Доколку ме послушаше опозицијата ќе беше многу добро и за неа и за земјата. И Рама ако ме послушаше, ќе беше подобро и за него и многу подобро за земјата, вели Мета.

Додава дека е многу незадоволен од опозицијата, прво,како што нагласи, што се откажала од пратеничките мандати.

-Предупредував пред една година, кога за првпат беше претставена како идеја. Ги предупредив дека оваа идеја е грешка. Јас им реков да не мислит дека ако го сторат тоа, ќе има некој во Брисел кој не ќе може да заспие. И така се случи. Делувањето на опозицијата беше многу силно и без преседан. Опозицијата не ме послушна ни за правосудните реформи. Сега сме тука каде што сме, поради еднострано спроведување на реформите во правосудството и уништувањето на доверата и начинот на кој се почитува Уставот. Опозицијата требаше да излезе со своја платформа, изјави Мета гостувајќи во телевизијата Syri.

Претседателот Мета се задржа и на прашањето околу постапката за негово разрешување при што рече дека владејакото мнозинство нема гласови во Парламентот за да го разреши претседателот.

-Мнозинството дури ги нема ни потребните гласови да го разреши претседателот на Републиката. Го поздравувам фактот дека тие ја поканија Венецијанската комисија. Верувам во интегритетот на членовите на Венецијанската комисија, но уште повеќе верувам во сопствениот интегритет. Претседателот не направи ниту едно прекршување на Уставот. Направи само едно пречекорување на рок од изборнот законик. Го заштитував Уставот на одличен начин. Направив се за ги заштитат правосудните реформи,- рече Мета.

Посочи дека ќе го заштитува националниот интерес, кој е под знак прашалник.

-Имам една татковина,некој можеби има две. Јас ќе го заштитувам националниот интерес до последен ден,- рече Мета.

Photo: EPA / Malton Dibra

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...