Македонската филхармонија со видео-аудио концерт „Хармонија мунди“

101

Македонската филхармонија в петок, на 12 октомври во 20 часот, ќе го
одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен,
уникатен видео-аудио перформанс. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков,ќе бидат изведени фантастичните „Планети“ од Густав Холст, кои ќе доживеат и видео-анимација, дело на Милчо Узунов од „3Д“ студио.

Грандиозното дело на англискиот композитор ќе биде изведено на сцената на
Македонската филхармонија по подолга пауза, а за првпат доживува и видео
придружба која ќе ги збогати сетилата. Во изведбата на „Планети“ учество ќе земе и
хорот „ПроАрс“ подготвен од диригентот Сашо Татарчевски.
Солист на концертот „Хармонија мунди“ е врвниот македонски контрабасист
Ѓорѓи Цинциевски, кој ќе го изведе Концертот за контрабас и оркестар од Емил
Табаков, а вечерта ќе биде изведено уште едно негово мошне интересно и
иновативно дело – „Астрална музика“.

Контрабасистот Ѓорѓи Цинциевски се образува на престижната висока музичка
школа „Royal Northern College of Music“ во Манчестер, Велика Британија, а неговите
солистички настапи се високо оценети од критиката која го опишува како „музичар со
одлични технички способности, со карактеристичен личен музички израз и силна
експресивност“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...