Со јубилејната колекција на познатата дизајнерка Лидија Георгиева, насловена „Милион милји време“, синоќа започна 18. издание на Модниот викенд во Скопје.
Креациите на Георгиева се изработени од луксузни материјали, тантели, плетени дизајни и отпечатоци, раскошни, боемски и елегантни, а во некои од нив првпат се презентирани и дизајни од ексклузивната соработка со францускиот бренд „Фејмс“, колекција рачно плетени модели.
Моделите ги претставија креациите на специјално дизајнираната модна писта во одличниот амбиент на студиото на симфонискиот оркестар за филмска музика „Ф.А.М.Е.’С“.
Модниот викенд од вечерва до недела продолжува во хотел „Мериот“, кадешто ќе се претстават македонските дизајнери, како Ирина Тошева, Теодора Митровска, Силвија Миха, Олгица Ѓоргиева и Сара Реџиќ, како и дизајнери од Велика Британија.
Фото: PS visualart