СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15 – годишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа Facebook и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката.