Кога мислиме на посебен подарок, мислиме на DIAS (ГАЛЕРИЈА)

Нема ништо слично на новогодишната и божиќната магија за да ги исполниме срцата со топлина и да допреме до душата. Сѐ што треба да направите е само да помислите на некого...

282

Доколку сте и вие во потрага по оригинален подарок за луѓето кои ви значат, вистинската дестинација е продавницата DIAS. А вистинскиот подарок, без разлика дали станува збор за сопруг/а, момче или девојка, мајка или татко, сестра или пријателка, е персонализираниот подарок. Одберете сами што ќе има во сетот!

– За празничниот период подготвивме многу интересни подароци. Имаме сетови кои купувачите, во зависност од своите потреби и можности, може да ги комбинираат. Па така, некому може да подарат сет во кој има паричник, со манжетни и пенкало или пак, ремен, со чорапи, шнола за вратоврска, пеперутка-вратоврска и слично. И кога на некој од кожните производи или на самата кутија ќе додадеме иницијали или целосно име, ќе добиеме совршен подарок – објаснува Драгана Ангелоски, сопственичка на DIAS.

Подарокот станува единствен кога на него ќе ги додадате инцијалите на оној кому му е упатен. А, тоа може да биде и убава порака, која ќе се помни. Можеби делче поезија? Затоа, персонализирајте го вашиот gift box во DIAS.

За трендовите пак, не грижете се. Во DIAS ќе ви посочат што е моментно актуелно, а елегантните работи, како оние изработени од кожа, секогаш се безвременски.

Сѐ што треба да направите е само да помислите на некого…

Продавницата DIAS се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539.

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...