Доколку сте и вие во потрага по оригинален подарок за луѓето кои ви значат, вистинската дестинација е продавницата DIAS. А вистинскиот подарок, без разлика дали станува збор за сопруг/а, момче или девојка, мајка или татко, сестра или пријателка, е персонализираниот подарок. Одберете сами што ќе има во сетот!
– За празничниот период подготвивме многу интересни подароци. Имаме сетови кои купувачите, во зависност од своите потреби и можности, може да ги комбинираат. Па така, некому може да подарат сет во кој има паричник, со манжетни и пенкало или пак, ремен, со чорапи, шнола за вратоврска, пеперутка-вратоврска и слично. И кога на некој од кожните производи или на самата кутија ќе додадеме иницијали или целосно име, ќе добиеме совршен подарок – објаснува Драгана Ангелоски, сопственичка на DIAS.
Подарокот станува единствен кога на него ќе ги додадате инцијалите на оној кому му е упатен. А, тоа може да биде и убава порака, која ќе се помни. Можеби делче поезија? Затоа, персонализирајте го вашиот gift box во DIAS.
За трендовите пак, не грижете се. Во DIAS ќе ви посочат што е моментно актуелно, а елегантните работи, како оние изработени од кожа, секогаш се безвременски.
Сѐ што треба да направите е само да помислите на некого…
Продавницата DIAS се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539.
(промотивен текст)