Кога мислиме на безвременски празнични подароци, мислиме на SIGMA

250

Со подарокот може да покажеме многу љубов, почит, посветеност, внимание, нежност… Подарокот е најубав начин да се заблагодариме и да покажеме што чувствуваме. А подарувањето е уметност. Зашто во малото, прекрасно пакетче се сместени нашите најубавите желби како израз на најтоплите чувства, начин дел од себе да споделиме со оние кои ги сакаме. Тогаш, што да им подариме за претстојните празници на луѓето кои многу ни значат? Еве еден мал и корисен водич за избор на совршен подарок.

За завек – Дијамант од SIGMA Centro Diamanti

Познат како „најдобар пријател на секоја жена“, дијамантот е најпосакуваното „камче“ за секоја важна прилика. Плени секогаш и секаде. Затоа е и совршен подарок со кој никогаш нема да згрешите. Мал, но многу драгоцен, чија вредност никогаш не паѓа, во софистицирано и елегантно пакување. Посебноста на овој подарок е и во тоа што, со време, може да се замени за поголем дијамант. Во било кој облик да го сочуваме како драгоцено сеќавање во нашиот живот, ќе сакаме тој да остане и дел од семејното наследство.

– Имаме посебен однос кон дијамантите кои секогаш ги избираме со најголемо внимание од аспект на четирите основни параметри (4C) на дијамантот, кои како и сите сериозни светски трговци ги поткрепуваме со сертификати од трите најреномирани светски лаборатории, но и уште поважно од аспект на потеклото, внатрешната структура на каменот и деловите од кои е избрусен – велат од SIGMA Jewelry.

Вредноста на подарокот почнува од 3.790 денари и истиот се признава во полна вредност при замена за друг поголем дијамант од SIGMA Centro Diamanti во некој од продажните салони на SIGMA Jewelry.

– Овој дијамант е само почеток на една соработка и потсетување на убавината на животот, бележник дека секоја можна прилика, радост или убав настан треба да се означи со нешто трајно, квалитетно и вредно, зашто животот го прават убав малите нешта – потсетуваат од SIGMA Jewelry.

Персонализација пак, се добива со гравирање на плочката која е составен дел на луксузното пакување.

За „големите момци и девојки“ – S.T. Dupont запалка за сите времиња

Запалката знае да биде многу верен пријател и затоа вреди да инвестираме во ваков единствен и совршено дизајниран модел. Со луксузните запалки од врвниот француски производител S.T. Dupont, не само што ќе го покажеме совршениот вкус за избор на софистициран подарок, туку и ќе даруваме со многу шарм.

S.T. Dupont запалките се вонвременски, секогаш модерни, и доколку се одучите за ваков подарок, сигурно ќе го израдувате секое „големо момче“. И секоја дама.

За успешна година – S.T. Dupont пенкало

Секоја успешна личност со стил, на неговиот пат на деловниот успех, го следи еден незаменлив предмет – луксузното пенкало. Дизајнеркото пенкало секогаш ги следи чекорите на успехот, од самиот почеток, со првиот потпишан договор. Сите значајни мигови стануваат уште позначајни, со едно лично и посебно пенкало.

Веќе 146 години  S.T. Dupont ја потврдува врвната репутација преку своите драгоцени и ексклузивни пенкала. Овие ремек дела гарантираат епитет на личност со стил, па доколку на вашата драга личност сакате да му посакате успешна година, пенкалата од S.T. Dupont се вистинскиот избор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...