Ако се очите огледало на душата, чевлите се огледало на вашиот стил. Затоа, внимавајте при шопингот на чевли – тој мал, моден додаток на стапалата може да раскаже многу повеќе за вас отколку зборовите. За секоја свечена или важна пригода одберете чевли кои се стилизирани, шик и софистицирани.
А за Вашата свадба? Секако, одлучете се за чевли кои имаат приказна во себе, кои шармантно ќе го зачинат изборот на костум.
Такви модели на чевли најдовме во DIAS. Доколку се двоумите при изборот на моделот или нијансата, ви препорачуваме да си ја отворите душата и токму тука, во оваа единствена продавница во градот, да се консултирате или да го нарачате вашиот совршен модел на чевли.
Во фотогалеријата, погледнете го нашиот избор од DIAS.
Продавницата DIAS се наоѓа во центарот на Скопје на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539.