Го пробавме, го сакаме, новиот парфем од „Диор“

368

Новиот парфем од куќата на Dior, Јоy by Dior, беше промовиран официјално и во Скопје. Гостите кои беа поканети на настанот, имаа можност први во Македонија да ја погледнат кампањата за новата креација на Dior, како и да го почувствуваат овој сензуален мирис.

Сунчица Величковиќ – Смилјаниќ, бренд менаџер за Dior на компанијата ИТИ Козметик, ги запозна гостите со приказната за создавањето на новиот парфем.

Како настана „Joy?

„Јоу“ – едноставен и краток збор кој носи чувство на живот и радост, чие постоење е посакувано.

Тука е, го чувствуваме, го сакаме… Но, прашањето е како чувството на радост да се преточи во парфем? Амбиција која стана реалност. Мирис кој ги пренесува сите животни радости, кој го чувствувате како минува низ телото, кој ја изразува миризливата сензација на постоењето, каде што нема можност за непредвидени случувања.

Мирис кој ги гали сетилата, кој го чекате со отворени раце, кој не остава ниту еден човек рамнодушен. Не можете да дефинирате дали е цветен, свеж или млечен. Но, без разлика на сите карактеристики кои се обидувате да ги дефинирате и не знаете точно кои се, во едно сте сигурни – тоа е мирис кој носи радост (Joy).

Не случајно актерката Џенифер Лоренс е избрана да биде заштитно лице. Извонредна актерка која е вистинска ѕвезда во галаксијата на Dior која му дава карактер на новиот парфем благодарение на нејзината природност и сензуална женственост. Секогаш автентична, блескава, сончева и прекрасна – таа ја пренесува РАДОСТА на Dior.

Парфемот е достапен во сите подобро снабдени парфимерии во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...