Во јавно-здравствените установи ќе има професионално обезбедување

Предвидени се и затворски казни во зависност од тежината на делото коешто ќе го направат при нападот. Од Министерството за внатрешни работи ќе направат мобилни патроли кои ќе патролираат околу старата градска болница, а ние со обезбедување на соодветен систем трајно ќе го решиме овој проблем“, изјави Филипче.

212

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателката на Лекарската Комора доц. д-р Калина Гривчева Старделова, претставници на Здружението на лекари специјализанти ЗЛС и претставници на Комората на медицински сестри, денеска одржаа координативен состанок во Министерството за внатрешни работи по нападите врз медицинскиот кадар и полицијата кои се случија изминатава недела. На средбата, беше договорено да се ангажира професионално обезбедување во јавно-здравствените установи.

„Најостро ги осудувам нападите врз здравствените работници и соработници. Ова се напади кои немаат никаква логика. Станува збор за здравствени работници и соработници кои пожртвувано се борат за животите на најблиските на тие што ги напаѓаат. Предвидени се сериозни казни за ваквите дела. Предвидени се и затворски казни во зависност од тежината на делото коешто ќе го направат при нападот. Од Министерството за внатрешни работи ќе направат мобилни патроли кои ќе патролираат околу старата градска болница, а ние со обезбедување на соодветен систем трајно ќе го решиме овој проблем“, изјави денеска министерот Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...