Во време на урбана џунгла, изберете дом опкружен со природа

Од „Бортас“ велат дека со новата зграда сакаат да понудат еден нов концепт на домување, кој ќе овозможи убаво и пријатно живеење во секој дел од денот.

1954

Во време на сообраќаен метеж и урбанистички хаос во главниот град, секој заслужува дом во мирна и урбана средина, каде што може да ужива далеку од динамичното секојдневие.

Населбата Криви Дол е една од новите атрактивни локации, која нуди одлични услови за квалитетен живот за целото семејство, а е вистински избор за сите што сакаат да живеат во чиста и зелена околина, на само 3 км од центарот на градот.

Во населбата Криви Дол во тек е изградба на новиот станбен објект Riverview Residence, најновиот проект на градежната фирма „Бортас“, која има 27-годишна традиција во изведба на станбени објекти наменети за пазарот на недвижности. Објектот Riverview Residence се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар, со непречен поглед кон Градскиот парк и Водно, изолиран од градскиот метеж, а сепак близу до центарот на градот.

Зошто Riverview Residence е идеално место за вас и за вашето семејство?

Благодарение на одличната местоположба на објектот, Riverview Residence ги нуди сите услови за пријатен живот во динамичното секојдневие. Една од главните придобивки на локацијата е непосредната близина на Градскиот парк, кој ќе ви овозможи вам и на вашето семејство чист и отворен простор за уживање во физичките активности кои имаат позитивно влијание врз вашeто здравје и развој.

Riverview Residence е граден во согласност со сите светски стандарди со парковски површини во приземјето и зелени тераси на катовите. Тоа што го прави овој објект посебен е модерниот изглед и функционалниот распоред на становите, кои се внимателно решени и приспособени на секојдневните потреби на урбаниот човек.

Со особено внимание и следејќи ги најновите архитектонски трендови, во целокупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали и опрема за уредување на внатрешноста на секој стан, а идните сопственици ја имаат можноста да направат сопствен избор на дел од материјалите и опремата по сопствен вкус.

Иако самата околина е мирна и тивка, објектот е со одлична звучна и термичка изолација, што овозможува оптимална заштеда на семејниот буџет. Објектот има енергетска ефикасност од А-класа со сопствен (индивидуален) систем на греење и вграден климауред во секој стан. За безбедноста на секој дом е инсталиран и видеонадзор 24/7 и видеофонија, а за возилата се обезбедени надземни и подземни паркинг-места во рамките на сопствената парцела.

Од „Бортас“ велат дека со новата зграда сакаат да понудат еден нов концепт на домување, кој ќе овозможи убаво и пријатно живеење во секој дел од денот.

– Одлуката за избор на сопствен дом е навистина важна и токму затоа сакаме на нашите купувачи да им понудиме решение кое ќе им овозможи висок квалитет на живеење за нивното семејство. Riverview Residence е внимателно проектиран објект, кој ги нуди сите овие услови, без притоа да се откажете од животот во градот и навременото извршување на секојдневните обврски – велат од „Бортас“.

Тимот на „Бортас“ ве очекува и со задоволство ќе ве води низ целиот процес, од правата одлука до вселувањето. Повеќе информации за Riverview Residenceна следниот линк или на: +389 2 32 27 625 или bortas@bortas.com.mk

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...