Во „Адор голд“ ги најдовме највпечатливите анатомски бурми (ФОТО)

Обичајот венчалните прстени да се носат на четвртиот прст од левата рака потекнува од верувањето дека вената на домалиот прст на левата рака води до срцето, па ја нарекувале вена на љубовта.

931

Една од најсилните емоции на денот на венчавката предизвикува моментот кога се разменуваат бурмите.

Размената на венчалните прстени за време на свадбената церемонија е свечен гест што секогаш со себе носи големи емоции за брачните партнери и за сите присутни на свадбата, тоа е моментот кога пактот на љубовта е запечатен и ветен за вечност.

Бурмите се симбол на брачната заедница, не само во современо време, туку и во најстарите цивилизации постоел тој свечен гест на размена на прстени како знак на ветување на вечна верност. Првите бурми кои се појавиле кај Египќаните датираат уште од пред 4 илјади години, а биле плетени од трски и други треви, често и украсени со разни детали. Во римско време, венчалните прстени кои биле направени од железо, имале за цел да ги запечатат ветувањата за бракот. Подоцна, се појавиле бурмите направени од кожа и од слонова коска, а веќе во 16-от век, поради нивното огромно значење и симболика, венчалните прстени почнале да се дизајнираат во луксузни и гламурни облици. Во овој период се појавиле и првите златни бурми. Набргу, започнала и традицијата овие значајни прстени од жолто злато да имаат гравура со името на парот и датумот на свадбата.

– Златната бурма е симбол на бракот и како таква се носи од денот на венчавката, па секој нареден ден натаму. Неретко велиме дека бурмата станува дел од оној кој ја носи. Затоа изборот на бурма не е нималку лесен. Важно е златната бурма да биде во стилот кој го има клиентот, но да биде и удобна, за да претставува задоволство во секојдневното носење и да го заокружува стилот на личноста која ја носи – објаснува Елза Аџија, сопственичка на „Адор голд“.

Во многу култури кругот ја симболизира вечноста – вечноста е круг кој нема почеток ни крај, па така носејќи ја бурмата сме го одбрале единствениот пат, а тоа е патот на вечната љубов. Поради тоа, за бурмата треба да нѐ врзува само убаво чувство.

Обичајот венчалните прстени да се носат на четвртиот прст од левата рака потекнува од верувањето дека вената на домалиот прст на левата рака води до срцето, па ја нарекувале вена на љубовта. Оваа традиција кај многу народи е прифатена и денес.
И денес, младенците најчесто купуваат златни бурми, без разлика дали е тоа жолто или бело злато, комбинација или розе злато.

– Некогашната форма на бурмата се поврзувала со класичната жолта нијанса, а како модел била малку заоблена. Денес има бројни дизајни на бурми коишто одговараат на различни стилови. Има бурми со комбинација на бои, украсени со различни скапоцени камчиња и различни додатоци како мат, „фингер-принт“, гравирање однадвор или одвнатре. Сите овие детали го прават тој мал круг совршен, а тој круг пак, е симбол дека припаѓате некому кој е совршен токму за вас – додава госпоѓа Аџија.

Златото е едно од најдобрите материјали кои имаат вредност во секоја смисла и чија вредност никогаш не паѓа. Всушност, златото е едно од најквалитетните метали. А токму материјалот од кој бурмите се направени симболизира трајност и квалитет на брачниот однос. Златото е отпорно на киселини и на други реакции, затоа и љубовта треба да биде отпорна на сите надворешни влијанија, да биде цврста и трајна, квалитетна и незаменлива, какво што е златото.

Со оглед на тоа дека удобноста на бурмата е подеднакво важна, бидејќи обично се носи до крајот на животот, исклучително значајно е од каде се купува бурмата и какво е реномето на златарницата.

За да ви го заштедиме вашето време на талкање низ градот во потрага по совршена бурма која ќе ја овековечи вашата љубов во еден од најзначајните моменти во животот, ве насочуваме кон реномираната златарница „Адор голд“, сместена во срцето на Старата скопска чаршија.

– За препорака за дизајн и изглед на бурмата не би можеле да зборуваме бидејќи секој има свој вкус и свој стил. Но, наша препорака е секако бурмата да биде анатомска поради удобноста, и да има постојан квалитет поради трајноста. Секако, таа може да биде украсена со лични печати како што е отисок од прст, гравирање на иницијали на имињата или гравирање на значајниот датум. Сѐ тоа може да го најдете кај нас – завршува Елза Аџија.

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...