Посебна е врската меѓу накитот MISAKI и интернационалните ѕвезди кои секогаш избираат да го носат, од црвениот тепих до секојдневниот живот. Чувствувајте се и Вие како дива на празничните прослави одбирајќи накит од MISAKI.
Веројатно, за многумина не треба вовед што значи накитот MISAKI – јапонски бисери, како и за култниот бренд во дизајнирање на бисерен накит со седиште во срцето на најпрестижното кнежевство во светот, Монако. MISAKI е синоним за иновативен бисерен накит (во комбинација со други внимателно одбрани материјали како што се, на пример, среброто и кристалите), препознатлив по есктравагантните дизајни кои се посакувани од жените кои знаат што сакаат во животот.
И во новата колекција на MISAKI, модните парчиња накит го оправдуваат името на брендот, настанат во 1987-та година. „Мисаки“ на јапонски значи преубав цвет или симболично – убавина која расцутува, инспирирана од прекрасниот природен процес на бисерот кој полека се култивира, за подоцна да ја достигне својата најубава форма, како што цутат цвеќињата.
Накитот MISAKI го создаваат врвни дизајнери од Монте Карло, односно Монако, а нивната врска со јапонската автентичност на потеклото на бисерите, ги прави нивните уникатни креации уште поинтересни. Успехот се должи на вниманието кое се посветува на секоја фаза од производството, од бисери до дизајн. Фокусот е секогаш на модерните и иновативни дизајни, а гаранцијата е – оригиналност во стилот прилагоден за сите жени, без разлика на нивната возраст.
И во новата колекција екстравагантноста е во преден план. Секое парче е дизајнирано за да ја зголеми моќта на атракцијата и сензуалноста на женската фигура. Несомнено, секое парче накит ќе додаде гламур на секоја модна комбинација!
Со игри на светлината и синусни форми кои ја разубавуваат женската силуета, дизајнерите од MISAKI преку новите модни парчиња ни ја претставуваат жената како моќна и неодолива божествена креација. Бидете и Вие моќни и неодоливи за празничните прослави, или пак, со вакво фасцинантно парче накит „разгалете“ ја Вашата посебна личност.
Држејќи до својата врвна репутација, MISAKI внимателно ги одбира продавниците низ светот кадешто го продава еклсузивниот накит. Кај нас, накитот MISAKI-јапонски бисери е достапен во продажба во: MISAKI Ramstore Mall, приземје 02-3224-860 и Beta Jewels Skopje City Mall, 1 кат, 078-357-132 и тел. 02-3246-698.
(промотивен текст)