Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани (85) донираше 1,25 милиони евра на четири италијански болници и Националната агенција за цивилна заштита, во обид да помогне да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирус во Италија.
Модната куќа „Армани“ донираше 1,25 милиони евра за три болници во Милано и на римската болница „Спаланцани“, како и на Агенцијата за цивилна заштита, соопшти во понеделникот портпаролката на компанијата.
Компанијата имаше 2,1 милијарди долари приходи во 2018 година.
Повеќето вработени во миланската групација работат од дома, а во производствените погони работат со најмал број на луѓе, изјавила портпаролката.
Во нешто повеќе од две недели, бројот на регистрирани случаи на коронавирус во Италија се зголеми на 7.375, со 366 смртни случаи, значително оптоварувајќи го здравствениот систем.